Дома Луд Спорт Бекер загинал пет Гренд слем трофеи

Бекер загинал пет Гренд слем трофеи

Борис Бекер загинал пет од вкупно шесте Гренд слем трофеи кои ги освоил во кариерата, потврди неговиот адвокат пред медиумите.

Германецот во јуни минатата година прогласи банкрот, а сега побара помош за да ги најде трофеите со кои доколку ги продаде ќе успее да покрие дел од долговите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот стечаен управник ја извести јавноста со соопштение дека „господинот Бекер не може да се сети каде ги оставил трофеите“.

Германецот не знае каде му се двата трофеа освоени на Австралија Опен и три трофеи од Вимблдон, како и златниот олимписки медал.

Веднаш по соопштението се огласија од челниците на Вимблдон, Германската тениска асоцијација, Американската тениска асоцијација и Куќата на славните, кои истакнале дека трофеите не се кај нив.

Борис Бекер првпат го освои Вимблдон на 17-годишна возраст, а во кариерата вкупно освои 64 титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…