Белгискиот напаѓач, Мичу Батшуаи минатото лето пристигна во Валенсија од редовите на Челзи на позајмица до крајот на сезоната.
Белгиецот на „Местаља“ стигна како големо засилување, но во досегашниот дел од сезоната баш и не се покажа. Шпанските медиуми вчера објавија дека Валенсија би можела уште во јануари да ја заврши соработката со него и Батшуаи да го врати во лондонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, тоа нема да биде проблем бидејќи Батшуаи веќе има понуди. Најголем интерес покажа Кристал Палас и според медиумите би можеле да го гледаме во дресот овој тим. Белгиецот во досегашниот дел од сезоната одигра 11 натпревари и постигна само еден гол.
Во Члези овој фудбалер пристигна од Марсеј, но на „Стенфорд Бриџ“ не успеа да се наметне и не доби минутажа каква што посакуваше. Откако воодушеви минатата сезона оваа баш и не му оди како што очекуваше. Сега би можел да добие шанса во Премиер лигата да ја врати формата.
https://www.youtube.com/watch?v=DjqIWQCpmas