Лионел Меси минатата година собори рекорд кој беше во сопственост на аргентинската и светската фудбалска легенда.
Станува збор за рекордот кој го држеше легендарниот Габриел Батистута кој не го криеше разочараувањето поради тоа што Лионел Меси го собори неговиот рекорд по бројот на постигнати погодоци во дресот со државниот грб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент Батистута има 54 постигнати погодоци, Меси веќе сега има 61.
Меси го надмина Батистута пред една година, а сега легендарниот фудбалер откри што мисли по повод оваа ситуација.
„Да, малку сум разочаран поради тоа. Тоа беше титула која јас ја поседував и тоа не е мала работа. Луѓето во светот зборуваат: „Погледнете тој е најдобриот стрелец на сите времиња во Аргентина“. Мислам дека Меси е еден ден ќе има и двојно повеќе погодоци од мене“, изјави Габриел Батистута.
Сепак во сето тоа Батистута гледа и нешто добро.
„Мојата предност е што сум прв после еден вонземјанец“, изјави Батистута.