Раководството на Барселона ги прекина преговорите со Интер за трансферот на Лаутаро Мартинез.
Интер бара најмалку 90 милиони евра за потписот на Аргентинецот, но Барса не брза со реализација на трансферот после кризата која дојде како последица од пандемијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Овој трансфер пазар многу ќе се разликува од претходните. Повеќето клубови имаат финансиски проблеми, но Барса секогаш е еден од основните играчи на трансфер пазарот“, истакна претседателот на каталонскиот клуб.
„Што се однесува до трансферот на Лаутаро, во овој момент преговорите се прекинати. Имавме разговори со Интер неколку недели, но сега ја анализираме ситуацијата. Ќе почекаме да заврши сезоната“, откри Бартомеу.