Дома Останати Тенис Барти без изгубен сет го освои Австралија Опен

Барти без изгубен сет го освои Австралија Опен

Eшли Барти е освојувачка на Австралија Опен во женска конкуренција.

Домашната тенисерка и прва на ВТА листата во финалето ја совлада Даниела Росе Колинс со 2:0 во сетови. Првиот сет Барти го доби 6:3. Во шестиот гем освои брејк и на крајот ја искористи првата сет топка за водство од 1:0.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во вториот сет 30. Тенисерка во светот имаше прилиак да стигне до изедначување. Имаше два брејка предност и водеше со 1:5, но Барти возврати и изедначи на 5:5. Се играше тај-брејк, а таму подобра беше Барти со 7:2.

До трофејот Барти стигна без изгубен сет. Финалето во машка конкуренција се игра утре од 9:30 часот помеѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Муратоглу: Ако Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, може тоа да го направи и Синер

Патрик Муратоглу, едно од најголемите имиња меѓу тренерите на денешницата, вели дека Јаник…