Eкипата на Барселона подолго време се обидува да се ослободи од Холанѓанецот, Френки Де Јонг, а главна причина се повредите и неговата висока плата.
Де Јонг е надвор од тимот и во овој, а не е на теренот уште од „Ел Класико“ кое се играше во април, па не се знае кога ќе се врати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познато е дека тој е долгогодишна желба на Пари Сен Жермен и таа ситуација каталонците би можеле да ја искористат. Желба на Барселона е Фабијан Руиз од францускиот гигант и за неговите услуги би можеле да го понудат Де Јонг.
Руиз важи за еден од најдобрите шпански фудбалери во овој момент, а одличен беше и на Европското првенство летово на кое Шпанија дојде до европската титула.