Дома Фудбал Барселона ќе биде без Фати до крајот на сезоната?

Барселона ќе биде без Фати до крајот на сезоната?

Ансу Фати на терените нема да се врати до крајот на сезоната и ќе мора да оди на операција како што јавуваат шпанските медиуми.

Фати заработи повреда на првенствениот натпревар против Бетис, после што Каталонците објавија дека најмалку три месеци ќе биде надвор од терените.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тогаш беше објавено дека нема да биде потребна операција и се ќе се реши со рехабилитација. Сепак, таа рехабилитација не ги дала очекуваните резултати.

„Марка“ повикувајќи се на извори од Барселона објави дека состојбата на менискусот кај Фати се искомплицирала и затоа операцијата сега е неопходна.

Ова значи дека Фати нема да биде дел и од Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија ова лето. Тешко е да се очекува дека ќе добие повик ако не се врати до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…