Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.
Чави го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, бидејќи бара засилување за левата бековска позиција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Хернандес се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во светот, па Милан сигурно нема лесно да се откаже од него.
Притоа, Французинот неодамна го продолжи договорот до 2026 година и истакна дека е среќен во Милано.
Барселона е спремна на лето да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис, но Милан тешко дека ќе ја прифати таа понуда.