Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е спрема да се раздели со три свои ѕвезди во овој преоден рок или на лето.
Каталонскиот гигант има финансиски проблеми, па е спремна да слушне понуди за Рафиња, Ансу Фати и Феран Торес. Планот е да се наполни буџетот за нови големи засилувања на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.
Ансу Фати важеше за најголем талент од „Ла Масија“, дебитираше на 16 години, но потоа неговиот развој стагнираше поради честите повреди.
На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.
Третата ѕвезда на продажба е Феран Торес, кој пристигна од Манчестер Сити за 50 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
🚨 Barcelona are prepared to sell Raphinha, Ferran Torres and Ansu Fati this month if they receive suitable offers.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 12, 2023
(Source: El Chiringuito) pic.twitter.com/Gw9pNmaGqs