Дома Топ вести Барселона става 13 фудбалери на продажба за да ги купи Нејмар, Лаутаро и уште двајца

Барселона става 13 фудбалери на продажба за да ги купи Нејмар, Лаутаро и уште двајца

Барселона е спремна на лето да направи големи промени во тимот, неколку ѕвезди ќе си заминат за да биде наполнет буџетот на Каталонците.

Главни приоритети на Барселона  на лето ќе биде доведување на Нејмар и Лаутаро Мартинез, а за таа цел клубот е спремен да потроши повеќе од 250 милиони евра.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да стави дури 13 фудбалери на продажба и целиот буџет да го потроши на четири засилувања. Покрај Нејмар и Лаутаро, Каталонците сакаат да доведат еден стопер и еден бек.

Ракитиќ и Видал се најблиску до излезната врата од „Камп Ноу“. Карлес Алења, Тобидо, Муса Ваг и Кутињо кои ќе се вратат од позајмица исто така ќе бидат ставени на трансфер листа.

Нелсон Семедо ги прекина преговорите за продолжување на соработката, па Барселона ќе биде приморана да го продаде.

Најголеми приходи се очекува да пристигнат од продажбата на француското дуо, Дембеле – Умтити.

Барселона се надева дека со продажбата на овие фудбалери ќе собере дел од парите потребни за Нејмар, Лаутаро и уште двајца фудбалери за засилување на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…