Eкипата на Барселона наводно е подготвен да го продаде Роналдо Араухо.
На Каталонците очајно им требаат пари од продажба на играчи, за да се засилат во летниот преоден рок, а Френки де Јонг и во овој преоден рок одбива да прифати да биде продаден, барем така изгледа засега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона е подготвена да го продаде Рафиња, но заминувањето на Бразилецот не е доволно, потребна е уште една астрономска заработка за клубот да има солидни финансии на располагање.
Наводно, Барса ја донела оваа одлука поради фактот што Араухо е единствениот играч чија продажба може да заработи и до 100 милиони евра. Уругваецот е на цена, не е тајна дека Баерн Минхен покажува интерес, а се споменува и Манчестер Јунајтед.
Доколку Араухо и Рафиња си заминат и се соберат 170-180 милиони евра, Барселона би можела да ги донесе метите на Чави – Ник Вилијамс, Дани Олмо и Чави Симонс.
Во одбраната никој не би дошол место Араухо, бидејќи наводно клубот верува дека таа позиција е добро покриена со враќањето на Жил Кунде тука се уште, Кристенсен, Кубарси, Иниго Мартинез и повратникот Ерик Гарсија.