Дома Фудбал Барселона со Роналдињо, Иниеста и Пујол го претстави новиот дрес 🎥

Барселона со Роналдињо, Иниеста и Пујол го претстави новиот дрес 🎥

Фудбалскиот клуб Барселона денеска ги претстави дресовите кои неговите играчи ќе ги носат во претстојната сезона, а во одличното промотивно видео се појавија легенди како Роналдињо, Иниеста и Пујол.

Дресот на Барселона потсетува на дизајнот од сезоната 2006/2007, а исто така место ригите на кои навикнавме да ги гледаме дресот е поделен на две половини.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Под грбот стои логото на најголемиот спонзор на клубот од Камп Ноу – „Spotify“, а првите впечатоци на навивачите се одлични бидејќи не го кријат ентузијазмот за изгледот на дресот.

Инаку, Барселона неодамна потпиша нов десетгодишен договор со „Најк“ според кој ќе заработува 120 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…