Барселона подготвува нова офанзива за потписот на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, пренесуваат каталонските медиуми.
Аргентинецот е приоритет за Каталонците, а после останувањето на Лионел Меси сега клубот може да се насочи кон засилувањата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мартинес е посочен како идеален наследник на Луис Суарез, кој е на излезна врата од Барселона.
Барселона сака да се раздели со Уругваецот и да се ослободи од неговата висока плата, а потоа веднаш ќе тргне по Лаутаро.
Меси го одобрува доаѓањето на Лаутаро бидејќи со него одлично се согласува во репрезентацијата.
Проблем е што Интер не сака да преговара и бара да биде платена откупната клаузула која изнесива 111 милиони евра.
Barcelona are preparing a final offer for Lautaro Martinez, we can confirm.
— Goal (@goal) September 6, 2020
They are readying for Luis Suarez’s departure, who has interest from Juventus ? pic.twitter.com/B3yPX4QrPw