Дома Топ вести Барселона се договори со ѕвездата на Дортмуд, Примера го блокира трансферот

Барселона се договори со ѕвездата на Дортмуд, Примера го блокира трансферот

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.

18-годишниот напаѓач веќе има шест гола и четири асистенции во Бундеслигата и доби повик за германската репрезентација за Светското првенство.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Актуелниот договор на талентот истекува на лето, па тоа го прави уште попривлечен за гигантите, бидејќи може да го доведат како слободен агент.

Според новинарот Херардо Ромеро, Барселона веќе се договорила со талентираниот Германец, но не може да го доведе во јануари бидејќи тоа би било надвор од правилата на финансискиот фер-плеј во Примера.

Барса затоа ќе почека до летото, кога ќе може бесплатно да го ангажира Мукоко, бидејќи договорот на овој напаѓач со „милионерите“ истекува во јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…