Дома Трансфер зона Барселона се вклучи во трката за Рабио

Барселона се вклучи во трката за Рабио

Барселона се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Челзи, Тотенхем и Ливерпул покажуваат силен интерес за Французинот, а сега и Барселона се вклучи во трката.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, бидејќи Кеси се покажа како промашување, а Де Јонг може да си замине на лето.

Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, особено поради фактот што можат да го доведат без обештетување.

Чави останал импресиониран од настапите на Французинот на Мундијалот и го сака во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…