Иднината на Пауло Дибала е главна тема бидејќи Аргентинецот може да го напушти Јувентус како слободен агент на лето.
Дибала решил да ги прекине преговорите за нов договор со Јувентус, откако „Старата дама“ му понудила помала сума од претходно договорената.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот бара плата од 10 милиони евра по сезона што Јувентус не може да си ја дозволи, па се поизвесно е дека ќе си замине како слободен агент.
Интерес за Дибала покажуваат неколку европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Барселона. Каталонците веруваат дека Аргентинецот ќе биде идеална замена за Осман Дембеле, кој заминува на крајот на сезоната.
Барселона веќе закажала состанок со агентот на Дибала и е спремна да ги задоволи неговите финансиски барања.