Дома Фудбал Барселона привремено се сели од „Камп Ноу“

Барселона привремено се сели од „Камп Ноу“

Барселона во следната сезона своите натпревари нема да ги игра на „Камп Ноу“, привремено клубот ќе се пресели на стадионот „Монтижук“. Каталонците ќе мораат привремено да бидат надвор од „Ноу Камп“ затоа што е планирана реконструкција.

Договорот за реконструкција се постигна кога беше потпишана соработката помеѓу Барселона и компанијата „Спотифај“ која од наредната сезона ќе биде главен спонзор на Барселона, а и „Камп Ноу“ ќе добие додавка „Спотифај“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вредноста на договорот е 1.5 милијарда евра и домот на Барселона ќе се прошира на 105.000 седишта. Исто така стадионот ќе добие нов спектакуларен покрив кој ќе биде прекриен со 30.000 еколошки соларни панели кои ќе прозиведуваат енергија за новите видео бимови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …