Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона преку Наполи до четвртфинале🎥

Барселона преку Наполи до четвртфинале🎥

Барселона успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони, откако славеше против Наполи со 3:1.

Барселона фуриозно го започна натпреварот против Наполи и дојде до големо водство на самиот старт.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Каталонците за само 60 секунди постигнаа два гола и во 18-та минута веќе имаа предност од 2:0. Најпрво погоди Фермин, а само една минута подоцна Кансело зголеми на 2:0.

Меѓутоа Наполи не се предаде и само неколку минути подоцна намали на 2:1 преку Рахмани и ја врати неизвесноста,

Во второто полувреме гледавме возбудлив меч и шанси на двете страни, а во 82-та минута Левандовски стави точка на мечот за конечни 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лига на шампиони 2025/26 – Се она што сакате да знаете, а нема кого да прашате

Зад нас е неверојатно лето и покрај фактот што немавме некое големо спортско натпреварувањ…