Дома Трансфер зона Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, Кансело како и Маркос Алонсо.

Жоао Феликс и Жоао Кансело беа на едногодишна позајмица, па иако имаа голема желба да останат сепак Барселона не постигна договор со Атлетико Мадрид односно Манчестер Сити.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, соопшти Барселона.

Новиот тренер Ханси Флик сака да го задржи Кансело, па Барселона повторно ќе преговара со Манчестер Сити за евентуален трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Одржан состанок: Манчестер Јунајтед се поблиску до засилувањето од 40 милиони евра

Како и што веќе се најавува од претходно, холандскиот фудбалер, Џошуа Зиркзе е на чекор од…