Дома Трансфер зона Барселона полека отпаѓа, Пјаниќ Јувентус го користи да го доведе миленикот на Сари?

Барселона полека отпаѓа, Пјаниќ Јувентус го користи да го доведе миленикот на Сари?

Mиралем Пјаниќ подолго време се поврзува со Барселона, меѓутоа „Гардијан“ сега пишува дека има опција босанскиот репрезентативец да заврши во Челзи во размена со „сините“.

Реномираниот „Градијан“ пишува дека преговорите помеѓу лондонскиот тим и „старата дама“ веќе започнале и наводно се разговарало за размена Жоргињо – Пјаниќ.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Оваа опција би можела да биде помалку од онаа со Барселона. И во таа ситуација се споменуваше размена, меѓутоа Артур подоцна изјави дека нема намера да го напушти „Ноу Камп“.

Поради тоа се отворила можност за започнување преговори со Челзи и сега оние со Барселона се запрени. Сари со Жоргињо соработуваше во Челзи и добро ги знае неговите квалитети и сака да го види во Торино.

Според информациите и во Челзи се заинтересирани за ваков вид на зделка.

Новинарот Фабрицио Романо додава и дека Јувентус е во контакт и со ПСЖ, спремни се да ја сослушаат и нивната понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…