Каталонскиот гигант Барселона повторно покажува сериозен интерес за Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.
Рабио ова лето беше слободен агент, имаше многу понуди на маса, а на крајот одлучи да му се приклучи на италијанскиот шампион Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако пристигна како големо засилување, Рабио не може да се избори за минутажа во Јувентус, па главно ја грее клупата за резерви.
Рабио има само четири настапи за „бјанконерите“ од почетокот на сезоната и не крие дека не е задоволен од својот статус.
„Дон Балон“ тврди дека мајката на Рабио ја контактирала и Барселона која исто така беше заинтересирана за него. Каталонците се заинтересирани за 24-годишниот играч за врска и ќе се обидат да го донесат во јануари.