Барселона очигледно во следните месеци има за цел да ја подмлади екипата.
Неколку фудбалери на каталонскиот великан се на излезни врати, но веќе се планира доведување и замена за играчите кои се постари од 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така, спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез во текот на викендот ја посети Германија каде ги следеше натпреварите на Лајпциг и Баерн, каде анализираше двајца фудбалери.
Станува збор за Вернер, и стоперот Дејот Упамекано за кои тимот од „Камп Ноу“ верува дека се достојни замени за Луис Суарез и Џерард Пике.
Како што се наведува, Барселона овој тандем ќе се обиде да го ангажира веќе во јануари, но нивното пристигнување се очекува следното лето.
Ова се фудбалери на кои им се предвидува блескава кариера и кои веќе стекнаа име во светот на фудбалот, благодарение на фантастичните настапи во тимот од Лајпциг.