Дома Фудбал Барселона направила голем превид: Може да се соочи со исфрлување од шпанскиот куп!

Барселона направила голем превид: Може да се соочи со исфрлување од шпанскиот куп!

Големиот превид на стручниот штаб клубот може скапо да го плати.

Каталонскиот клуб минатата недела гостуваше кај Леванте во рамките од осминафиналето на шпанскиот куп.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот натпревар заврши со победа на тимот од предградието на Мадрид со 2:1, но можеби Леванте нема причини за грижи бидејќи во Барселона направиле огромен превид.

Имено, Ернесто Валверде за овој натпревар го повика Хуан „Чуми’ Брандариз.

Ова беше одлична прилика за 19 годишниот фудбалер да запише минути за првиот тим, но проблем е што овој Брандариз бил суспендиран и немал право за настап во овој натпревар.

Младиот стопер заработил суспензија настапувајќи за Барселона Б, но истата секако дека важи за сите шпански натпреварувања.

Ова помалку потсетува на добро познатиот случај со Денис Черишев во 2015 година.

Русинот играјќи како позајмен фудбалер во Виљареал беше под суспензија поради жолти картони, меѓутоа во Реал направија пропуст и го повикаа за натпреварот. „Кралевите“ тогаш беа исфрлени од истото натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…