Раководствотот на Барселона веќе почна да бара замена за Ернесто Валверде, кој на крајот на сезоната готово сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“.
Барселона не ја исклучува можноста Валверде да остане уште една сезона на кормилото, но сепак почнаа да разгледуваат различни опции за нов тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според каталонскиот весник „Спорт“ дел од директорите на Барселона сметаат дека Тиери Анри е многу добра варијанта за заменик на Валверде.
Пред неколку месеци легендарниот Французин потпиша двегодишен договор со канадскиот Монтреал Импакт. Тој ги направи првите чекори во тренерската кариера како помошник на Мартинез во белгиската репрезентација.
Потоа имаше неуспешна кратка авантура во Монако, но раководството на Барселона смета и покрај недостатокот на искуство, сепак би можел со успех да го води тимот.
? — Some part of the management believe that Thierry Henry has the profile to coach Barcelona in case Valverde leaves. [sport] pic.twitter.com/zO12PKp0so
— Barca Universal (@BarcaUniversal) December 29, 2019