Барселона го загуби трпението со Осман Дембеле и му даде ултиматум од 48 часа на фудбалерот и неговиот агент да донесат конечна одлука.




Договорот на Дембеле истекува на лето, а челниците на Барселона сакаат што побрзо да дознаат дали Французинот ќе стави потпис на нов договор.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Дембеле бара 20 милиони евра по сезона, плус бонус од 20 милиони евра при потпис на договорот, а Барселона не е спремна да му понуди толкава плата.




Барселона му дала ултиматум на Дембеле да одговори на понудата во следните 48 часа. Доколку не го направи тоа, ќе сметаат дека неговиот одговор е негативен.




Во спротивно Барселона е спремна да го продаде овој месец за 30 милиони евра, бидејќи тоа е последната шанса да заработи на неговото заминување.