Цело лето се шпекулираше дека Ракитиќ ќе ја напушти Барселоан и дека ќе биде вклучен во потенцијалниот трансфер на Нејмар, на крајот сепак остана на „Камп Ноу“.
Ракитиќ беше во втор план кај тренерот Валверде, па порача дека ако нешто не се промени сигурно ќе побара нов тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватскиот репрезентивец откри и дека голем интерес за него покажал Јувентус, дури и Кристиано Роналдо го повикал, сепак трансферот не се реализирал затоа што Барселона барала оштета која Јувентус не бил спремна да ја плати.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ открива дека Јувентус во јануари повторно ќе се обиде да го донесе Ракитиќ и е спремен да понуди трампа со Рабио, за кого Барса покажува Интерес.