Фудбалерите на Барселона ја продолжија доминацијата сезонава во шпанската Ла Лига, со убедливата победа од 5:1 над Севиља пред своите гледачи во 10. коло.
Тоа е деветта победа на Барселона, која уште еднаш се одвои на врвот на табелата од второпласираниот Реал Мадрид, повторно има три бода повеќе. Севиља падна на 13. место.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Барселона замина на полувреме со водство од 3:0. Два гола постигна Роберт Левандовски, еден од пенал, а Педри постигна еден гол.
Поголем дел од второто полувреме беше мирно, а потоа на крајот беа постигнати уште три гола. Два за Барселона постигна Пабло Торе, а за гостите Идумбо. Погледнете ги сите голови ТУКА.