Иднината на Ерлинг Халанд е една од „најжешките“ теми на трансфер пазарот, па се очекува голема битка за неговиот потпис на лето.
Неговиот менаџер Мино Раиола заедно со тактото Инге Халнд веќе имаа разговори со неколку клубови меѓу кои Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Каталонците се надеваат дека ќе го добијат Халанд, иако негова желба наводно била да игра за Реал Мадрид, па поради тоа на „Камп Ноу“ подготвиле план Б.
Доколку Халанд одбие да потпише за Барселона, тогаш Каталонците ќе го купат Лаутаро Мартинез, кој е одличен пријател со Лео Меси.
Интер има финансиски проблеми и мора да продаде една своја ѕвезда, па Барса ќе се обида да ја искористи ситуацијата.