Германскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест дека Барселона се вклучила во трката за Каи Хаверц од Леверкузен.
Барселона во последниот период најмногу се поврзуваше со Лаутаро Мартинез и Нејмар и тоа се играчи за кои би требале да издвојат веројатно над 100 милиони евра, ако нема размена на на играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Германците тврдат дека и Хаверц се нашол на радарот на Каталонците. Меѓутоа Баер за својот најдобар играч бара 100 милиони евра. Барселона и тука сигурно ќе се обиде да ја намали цената и да вклучи некој играч. Наводно понуден е Емерсон кој оваа сезона игра на позајмица во Бетис, а се споменуваат уште Карлос Алења и Марк Кукурела.
Хаверц е 20 годишен играч за врска , неодамна изјави дека е спремен да го напушти Баер за да направи нов чекор во кариерата. Освен Барселона го следат уште Реал, Манчестер, Челзи и Баерн. Сезонава постигна 10 голови и 8 асистенции.