Барселона веќе некео време е во потрага за напаѓач кој во иднина ќе ја предводи офанзивната линија на екипата и ќе го замени Луис Суарез.
Многу имиња се поврзуваат со пристигнување на „Камп Ноу“. Младиот Лука Јовиќ и понатаму се споменува како можно решение, но сега се појавија информации дека Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот за неговата „алтернатива“, Маркус Рашфорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 21-годишен напаѓач уште од сега е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, поседува огромен потенцијал, а во 167 сениорски настапи постигна 45 гола. Наводно, Барселона уште ова лето ќе се обиде да го реализира траснферот на младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, а за истиот е подготвена да плати 115-120 милиони евра.
Барселона, според пишувањето на „The Sun“, ќе се обиде да го искорити фактот што Манчестер Јунајтед би можел да остане без европски фудбал следната сезона и да реализира голем трансфер. Сегашниот договор на Рашфорд со Јунајтед е до јуни 2020. година, а се шпекулира дека тој веќе некое време е во потрага со клуб во можност за нов долгогодишен договор кој би му гарантирал и поголеми примања.
Сепак, интересот на Барселона би можел да влијае на веќе споменатите преговори.