Барселона објави дека станела првиот спортски клуб во светот кој ја надминал границата од 1 милијарда долари годишни приходи.
Каталонскиот гигант денес ги претстави годишниот отчет и откри дека во сеозната 2017/18 клубот генерирал приходи од 1.05 милијарди долари (914 милиони евра).
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Исто така Барселона објави дека осма година по ред клубот ја завршува година со приход, кој вкупно изнесува 188 милиони евра од 2010 до сега. Каталонскиот клуб во моментов има долгови од 157 милиони евра, но раководството нема намера да ги плаќа веднаш, туку имаат прогресивен план кој го следат.
Во приходите влегува и сумата од 222 милиони евра која Барселона ја доби од продажбата на Нејмар, но клубот објави дека и следната година одичекува над 1 милијарда долари приходи, поради подобрените спонзорски договори и ТВ права.
Најголемиот конкуент на Барселона, Реал Мадрид за минатата сезона објави приходи од 750 милиони евра, но тука не влегуваат парите добиени од продажба на фудбалери.
Check out all the details from Tuesday's presentation of the 2017/18 fiscal year and the 2018/19 budget ?https://t.co/0IMxnQXlbV
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 2, 2018