Дома Трансфер зона Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Младиот стопер на Ница, Маланг Сар зимата првпат се најде во центарот на вниманието на Барселона како момче кое би можело да израсне во достојна замена за долгогодишниот капитен, Карлос Пујол. А добрите партии во дресот на клубот од Азурната обала, во меѓувреме го привлекоа вниманието и на другите европски великани.

А кој и да се одлучи да го донесе, ќе мора добро да плати. Како што наведува Скај, Ница ќе го продаде Сар само на оној клуб кој е подготвен да ја плати откупната клаузула од договорот, а таа изнесува 40 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај Барселона, за Сар сериозно се заинтересирани мадриски Реал, како и лондонските ривали Челси и Арсенал.

„Топчиите“ според неофицијални информации се обиделе да го донесат уште во ноември изминатата година и тоа пред да потпише прв професионален договор со Ница, но тоа на крајот не им успеало.

Изминатата сезона Сар за францускиот тим одигра 31 натпревар, а Ница го освои третото место во првенството, па ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…