Дома Фудбал Останато Барселона добива засилување од Сити, Пеп призна: Да, одби да потпише договор

Барселона добива засилување од Сити, Пеп призна: Да, одби да потпише договор

Пеп Гвардиола денес потврди дека младиот дефанзивец Ерик Гарсија одбил да го продолжи договорот со Манчестер Сити.

Овој 19 годишен Шпанец со Сити има договор до наредното лето и клубот сакаше да ја продолжи соработката, но Гарсија тоа го одби. Гвардиола тоа денес го потврди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да, вистина е Гарсија одби да потпише нов договор. Ми кажа дека сака да игра во некој друг клуб и тоа го почитувам“, јасно кажа Гвардиола.

Поради ваквата одлука 19 годишниот утре нема да биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и изгледа дека неговата авантура на „Етихад“ се завршува.

Англиските медиуми пишуваат дека Гарсија се договорил со Барселона и дека ќе се врати во „Ла Масија“ од каде што потекнува. Пред три години Гарсија се реши од младинските категории на Барселона да премине во Сити. Сега изгледа одлучил дека е време да се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…