Дома Топ вести Барселона го понижи Реал во Мадрид, Суарез стави „шлаг на тортата“ со паненка! (ВИДЕО)

Барселона го понижи Реал во Мадрид, Суарез стави „шлаг на тортата“ со паненка! (ВИДЕО)

Вечерва во Шпанија се одигра реваншот помеѓу Реал Мадрид и Барселона во шпанскиот куп, откако во Каталонија ремизираа 1:1.

На крајот Мадрид со крената глава го напуштаат Каталонците, Барселона си однесе дома победа од убедливи 0:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид започна добро и во првото полувреме беше подобар противник создаваше шанси пред голот на Тер Штеген. Најсериозни од таборот на Реал беа Винисус и Бензема и може да се каже дека е вистинско чудо тоа што не го доведоа Реал во водство на полувремето.

Казната за промашувањата на домаќините стигна после само неколку минути игра во второто полувреме.

Жорди Алба одлично го пронајде Осман Дембеле, кој испрати топка во шеснаесетникот, а на вистинското место се најде Луис Суарез кој погодува за 1:0.

Победата на Барселона и пласманот во финалето се најви во 69-тата минута кога сопствената мрежа ја погоди младиот Французин, Рафаел Варан. Ако некој во тие моменти имаше се уште дилеми, тие исчезнаа само четири минути подоцна. Барселона доби најсторга казна, а топката на белата точка ја намести Луис Суарез. Уругваецот е одлучи да дотури „сол на раната“ на најголемиот ривал и мрежата ја погоди со паненка.

До крајот резултатот не се промени и Барселона запиша голема победа над ривалот.

Ќе потсетиме, веќе во сабота следува ново „Ел Класико“ овој пат во рамките од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…