Eрнесто Валверде ја заврши соработката со Барселона после две ипол сезони.
Раководството на тимот од „Ноу Камп“ одлучи да го отпушти овој стратег и на негово место да го доведе Кике Сетиен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, иако доби отказ Валверде од каталонскиот начин си замина како вистински господин и нема да ја бара платата која требаше да ја добие до истекот на договорот.
Тој на својот агент му кажал да не го бара комплетнниот износ, па пријателски се разделил со Барселона со непознат износ на оштета.
Наводно, Валверде во Барселона заработувал 24 милиони евра годишно. Тоа би значело дека се откажал од 36 милиони евра, сума која можеше да ја добие според договорот.
Ваквите работи се навистина реткост во светот на фудбалот, меѓутоа Валверде во оваа ситуација покажа господски манири.