Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Интер се договориле за трансфер на Жорди Алба во Милано.




Барселона сака да се ослободи од ветеранто за да отвори простор за доаѓање на Маркос Алонсо, па ќе го испрати на позајмица во Интер.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
„Нероаѕурите“ сакаат да ја засилат левата бековска позиција и веруваат дека Шпанецот одлично ќе се вклопи во формацијата на Инзаги.




Алба е еден од најплатените фудбалери на „Камп Ноу“, па Барселона се согласи да ја плаќа половината од неговата плата, а другата половина ќе ја плаќа Интер.




Сепак, зделката тешко дека ќе се реализира бидејќе левиот бек нема намера да замине и сака да остане на „Камп Ноу“.