Црногорецот конечно стана фудбалер на Барселона, сега се е готово.
Големиот интерес за младиот голман на Црна Гора, Лазар Царевиќ заврши, откако Барселона ја доби битката за неговиот потпис. Царевиќ беше на проба во Барселона, ги помина без големи проблеми и управата на клубот одлучи да потпише со 18-годишниот голман.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Да ве потсетиме, ова момче е избрано меѓу најдобрите 50 млади фудбалери на Европа во изборот на италијанскиот „Tutosport“. Баерн и Манчестер Сити исто така имаа голем интерес, претходно Царевиќ беше на проба и во Ајакс, но на крајот Барселона ја доби големата битка.
Следната сезона Царевиќ ќе биде во вториот тим или во младинците на Барселона, а доколку се докаже, би можел да дојде и до првиот тим во сезоната 2018/19.