Двајца играчи од Бундеслигата се на радарот на Барселона за позицијата лев бек, пренесуваат германските медиуми.




„Билд“ пренесува дека Барселона е заинтересирана за Борна Соса од Штутгарт и Рами Бенсебаини од Борусија Мехенгладбах.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Бараселона е во потрага по квалитетна алтернатива за Жорди Алба, кој веќе има 33 години е во фудбалска зрелост.




Борна Соса е хрватски репрезентативец, има 24 години, а Штутгарт за неговата слободата бара околу 25 милиони евра.




Бенсебаини е 26-годишен алжирски репрезентативец, еден од најдобрите леви бекови во Бундеслигата и за него интерес покажуваат уште Јувентус и Борусија Дортмунд.