Дома Трансфер зона Барса тргнува по потписот на дефанзивецот од ПСЖ?

Барса тргнува по потписот на дефанзивецот од ПСЖ?

meunir

Барса би можела да добие одлично засилување.

Тома Мение е незаменлив во репрезентацијата на Белгија, а од стартот на оваа сезона и во редовите на Пари Сен Жермен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Минатата сезона во Париз беше во втор план поради Дани Алвес, но повредата на искусниот Бразилец доведе до тоа на стартот од сезоната прв избор покрај десната аут линија да биде Мение.

Сепак, кога Алвес се врати во погон јасно е дека ќе ги добие своите минути, што повторно би можело да го врати Мение на клупата за резерви.

Минатата сезона изрази фрустрации поради фактот што не беше стандарден, а доколку повторно биде префрлен на клупата за резерви многу веројатно дека ќе побара да биде продаден.

Неговиот договор со Пари Сен Жермен има важност до 2020 година, ова лето го сакаше и Манчестер Јунајтед, но и Барселона која изгледа се откажа од Нелсон Семедо.

Така Мение би можел да заврши во Каталонија, а останува да видиме како ќе се развива ситуацијата кога Алвес ќе се врати во погон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…