Дома Трансфер зона Барса спремна да купува: Сетиен бира помеѓу три играчи

Барса спремна да купува: Сетиен бира помеѓу три играчи

Луис Суарез неодамна го опериса коленото и нема да игра до крајот на сезоната, а Барселона на Сетиен ќе му дозволи да донесе уште еден играч.

Иако на Каталонците сега им треба друг класичен напаѓач, не е исклучена можноста во клубот да дојде крило, а Сиетен избира меѓу три имиња.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според Мудно Депортиво, новиот тренер на Барселона треба да одлучи помеѓу Дани Олмо, Педро и Пјонтек.

Олмо веќе одлучи да го напушти Динамо, преговараше и со Милан, но се чини дека сега е најблиску до дресот на каталонскиот клуб.

Педро има договор со Челси, но би сакал да се врати во Барселона, додека Пјонтек исто така е на излезните врати во Милан, откако клубот го донесе Златан Ибрахимовиќ.

Постои можност Пјонтек да дојде на позајмица во Барса до крајот на сезоната, но последниот збор ќе го има Сетиен, кој дебитираше со победа над Гранада (1-0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Добри вести за Арсенал: Лајпциг ја намали цената на Шешко

Германскиот клуб Лајпциг ја намали цената на Бењамин Шешко, кој е главна трансферна цел на…