И покрај фактот што повеќе еминентни медиуми во Европа пренеуваат дека Матијас де Лихт е на чекор од трансфер во Јувентус, сепак шпекулациите за неговата иднина продолжуваат.
Денешното издание на „Мундо Депортиво“ на насловната страна пишува дека Барселона се уште се надева на трансфер на Де Лихт и дека 19-годишниот Холанѓанец преферира преселба на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот менаџер Мино Раиола настојува да го однесе во Јувентус, но Де Лихт се уште не дал конечна согласност.
Весникот открива дека Де Лихт имал средба со Жерар Пике на Бахамите за време на одморот. На средбата Пике го убедувал Холанѓанецот да се пресели на „Камп Ноу“ и дека нема потреба да се плаши од конкуренцијата.
https://youtu.be/Q3ccLsPWVvM