Раководството на Барселона очекува Андрес Иниеста на крајот на сезоната да го напушти клубот, пренесува „АС“.
Легендарниот плејмејкер призна дека има понуда од Кина и дека размислува за својата иднина. Во мај Иниеста ќе наполни 34 години и веќе чувствува дека нема да може да биде на потебното ниво за каталонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иниеста има доживотен договор со Барселона, односно самиот има право да реши кога ќе го напушти клубот или ќе ја прекине кариерата.
Иниеста конечната одлука ќе ја донесе во мај, а во Барселона веќе се подготвуваат за разделба, па затоа го договорија трансферот на Бразилецот, Артур.
The Camp Nou was singing: "We love you, stay Iniesta." pic.twitter.com/o4IqwPw92C
— keith cozart (@UltraAutistic) March 18, 2018