Дома Топ вести Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гигант веќе ја започна потрагата по негов наследник.

Приоритет на Барселона следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е ѕвездата на Астон Вила, Џон Дуран.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во Барселона веруваат дека 20-годишниот напаѓач може да стане еден од најдобрите во светот, и поради тоа сакаат да ја победат конкуренцијата.

Астон Вила неодамна потврди дека ова лето одбила дури 40 понуди за Колумбиецот, па на Каталонците нема да им биде лесно да ја победат конкуренцијата.

Дуран сезоната ја започна одлично и неговата цена секојдневно расте, а Барселона верува дека може да биде долгорочна замена за Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…