Дома Фудбал Дуран возбуден: Да славиш со Роналдо – кралот на фудбалот, се чувствував како да играм ФИФА!

Дуран возбуден: Да славиш со Роналдо – кралот на фудбалот, се чувствував како да играм ФИФА!

Вчера, во рамките на 19. коло на Саудиската Про Лига, Ал-Наср славеше против Ал-Фeиха, а ѕвездите на вечерта беа Џон Дуран и легендарниот Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбиецот Џон Дуран стана нов играч на Ал-Наср во овој преоден рок за неверојатни 90 милиони евра (вклучувајќи бонуси).

На овој начин стана најплатениот колумбиски играч во историјата на фудбалот, а вчера на вистински начин се претстави на саудиската публика.

Во победата на Ал-Наср против Ал-Feиха постигна два гола, во 22. и 72. минута од натпреварот. Крајниот резултат гласеше 3:0, а стрелецот на третиот гол не беше тешко да се погоди.

Секако, станува збор за еден од најголемите на сите времиња – Кристијано Роналдо. Заедно го прославија голот, а за Дуран тоа беше еден од моментите кои ќе ги памети до крајот на животот.

По повод тоа, тој се огласи и на својот „Икс“ профил, каде што напиша: Да славиш гол со кралот на фудбалот е како да играш кариера на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црв…