Каталонците изминатата ноќ одиграа пријателски натпревар против тимот на Тотенхем и беа подобри после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел резултатот беше нерешен 2:2.
За Барселона на овој натпревар дебитираа новајлиите Ленгле, Артур и Малком, освен тоа оставија и добар впечаток. Лоши вести беа повредите на Андре Гомеш и Денис Суарез. Но ќе потсетиме дека тоа се играчи кои Барселона сака да ги продаде во овој преоден рок.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Барселона доминираше во првиот дел и заслужено стигна до предност од 2:0. Посебно навивачите се радуваат на вториот гол кој беше прекрасен и го постигна новото засилување Артур.
Тотенхем во вториот гол со два брзи гола на Сон и Нкуду успеа да стигне до 2:2.
Во пенал серијата Барса беше подобра со 5:4.