Барселона до крајот на преодниот рок ќе донесе напаѓач кој ќе биде замена за Луис Суарез, потврди претседателот на каталонскиот клуб.
Најголема желба на Барселона е напаѓачот на Валенсија и шпански репрезентативец, Родриго, а претседателот Бартомеу потврди дека преговорите се во тек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера во Барселона пристигна и познатиот агент Жорге Мендеш, а тоа е знак дека преговорите се во напредна фаза и дека трансферот е пред реализација.
„Не зборуваме за играчи од други екипи. Ама името на Родриго е на маса од страна на тренерите. Замена ќе има, само не знам дали ќе биде од Барселона Б или надвор од клубот“, потврди Бартомеу.
Двата клуба се во напредна фаза на преговори и Родриго треба да се пресе на „Камп Ноу“ за сума од 55-60 милиони евра.