Барселона има одлична соработка со Валенсија, па ова лето пристигнаа двајца фудбалери од „Местаља“ на „Камп Ноу“.
Медиумите во Шпанија тврдат дека Каталонците ќе продолжат да купуваат од Валенсија и дека во зимскиот преоден рок сакаат да го доведат десниот бек на „лилјаците“, Жоао Кансело.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Луис Енерике има пороблеми со десната бековска позиција, па иако во моментов Серџи Роберто игра одлично, сепак Барса сака да донесе конкуренција за таа позиција.
Алеиш Видал не се покажа како добро засилување, па Барселона сака да го искористи токму него за да го донесе играчот на Валенсија.
Имено, шпанските медиуми тврдат дека двата клуба размислуваат за размена на играчи, така што Барса би го добила Кансело, а во спротивен правец ќе го испрати Видал плус одредена доплата.