Франк Кеси го напушти Милан како слободен агент и постигна комплетен договор со Барселона.
Кеси пред три месеци успешно ги поминал медицинските прегледи и се сретнал со претставниците на Барселона со кој ги договорил сите детали од договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кеси ставил и потпис на преддоговор и во Барселона треба да заработува 7 милиони евра по сезона.
Меѓутоа, Каталонците имаат финансиски проблеми и неможат да го регистрираат договорот на Кеси во Ла Лига, па ќе мора прво да ослободат простор за нови играчи.
Агентот на Кеси е фрустриран од таквата ситуација, па каталонски „Спорт“ открива дека би можел да го раскине преддоговорот и да бара нов клуб.