Дома Фудбал Барса нема да ризикува – ќе ја „блиндира“ новата ѕвезда

Барса нема да ризикува – ќе ја „блиндира“ новата ѕвезда

Ансу Фати е сигурно едно од најголемите фудбалски откритија оваа сезона и најпријатното изненадување.

16-годишниот офанзивен фудбалер роден во Гвинеја Бисао во целост се интегрира во тимот на Валверде, па дури и успеа да сруши неколку рекорди кога се во прашање најмладите стрелци на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тинејџерот на шест настапи за првиот тим на Барселона веќе постигна два гола и запиша една асистенција, па раководството од „Камп Ноу“ не сака да рзикува со неговата иднина.

Ансу Фати го привлече вниманието на многу клубови, а во својот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра, што и не е невозможна сума во денешно време.

Поради тоа Барселона веќе спреми нов договор според кој значително ќе му ги подобри финансиските услови, но откупната клаузула ќе се зголеми на 200 милиони евра.

Фати има договор со Барселона на уште три години со опција автоматски да се продолжи на уште две и времетраењето на договорот ќе остане исто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …