Дома Фудбал Лига на шампиони Барса – Наполи може да НЕ се игра на „Камп Ноу“

Барса – Наполи може да НЕ се игра на „Камп Ноу“

Реванш осминафиналниот дуел од Лигата на шампиони помеѓу Барселона и Наполи може да не се игра во Шпанија, пренесуваат тамошните медиуми.

УЕФА ја следи ситуацијата со коронавирусот во Каталонија и постојано е во контакт со тамошните здравствени власти. Во последните недели бројот на заразени рапидно порасна во Барселона и тоа ја усложнува ситуацијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од „Камп Ноу“ не добиле никакви индикации од УЕФА дека мечот може да се игра на друго место.

Од УЕФА пак на прво место сакаат да го гарантираат здравјето на луѓето кои ќе земат учество во овој натпревар. Мечот е на програмата на 8 август во 21 часот.

Од Наполи исто така потврдија дека чекаат официјално потврда и секако настојуваат мечот да се игра на неутрален терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд доаѓа во Реал веќе следната година? Објавен планот на мадридскиот клуб

Сагата за можното доаѓање на Ерлинг Халанд (25) во Реал Мадрид доби ново продолжение, а шп…